14:52 - 5 декември, 2025

Попоски најавува есен среде пролет, еве ја прогнозата

– Во раните утрински часови од утрешниот ден, како и утре особено претпладне од запад во Македонија ќе се прошират ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, услови за појава на грмежи, засилување на ветер и услови за појава на ситен град.

Поради продор на постуден воздух од север, утре ќе започне да дува ЗАСИЛЕН северен ветер, особено изразен Долж Повардарието. Сето ова ќе услови во западните и во северозападните планински предели со надморска височина од над 1400 м.н.в врнежите од дожд да преминат во врнежи од СНЕГ, токму на овие места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.

Утре попладне врнежите полека ќе ја напуштаат нашата територија и ќе се преместуваат кон југоисток.

Во Скопје и околината исто така очекуваме врнежливо време, меѓутоа утре попладне и навечер врнежите ќе престануваат.

Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сонце, меѓутоа наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и температурите локално ќе се спуштаат до околу, а на повисоките места и под нулата, со што ќе има услови за појава на МРАЗ.

Максималните дневни температури пак ќе бидат потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Барем одсега гледано, за први и втори мај очекуваме нестабилно време со локална појава на врнежи и грмежи, особено во попладневните часови. Инаку и во првата седмица од мај ќе имаме потпросечни темпратури на воздухот, што значи ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното. Засега долготрајна и вистинска пролет нема на видик – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот Фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо
Се вчитува....