13:18 - 9 јануари, 2026

Попоски најавува екстремно топол африкански бран: Температури до и над 45 степени!

– Територијата на целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија се пред екстремно топол Африкански бран, и истиот во текот на следната седмица ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, но и екстремно висок Ув индекс ( коефициент помеѓу 9 и 10).

Следената седмица ќе не зафати сушен период и екстремно топло време, а времето ќе биде претежно сончлево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно ќе бидат невообичаено високи.

На многу места температурите во текот на следната седмица ќе се искачуваат над 30 – 35 степени, локално и до 40 предели.

Кај нас во Македонија во најтоплите централни и југоисточни предели во текот на следната седмица температурите ќе се искачат дури и до 43, 44 степени.  Во Скопје со овој топлотен бран температурата ќе се искачи до околу 40 степени.

Во соседна Грција пак температурите локално се очекуваат да се искачат дури и до па и над 45 степени. 

НАПОМЕНА: Споменатите температури ќе се мерат под сенка, додека на сонце истите ќе бидат многу повисоки.

Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, како и да пијат повеќе течности.

Следната седмица ќе се рушат рекорди поради очекуваните екстремно високи температури, особено во соседна Грција – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо
Се вчитува....