6.8 C
Скопје
04:15 - 31 март, 2026

Попоски: Македонија под влијание на нов циклон од Запад, еве ги деталите

– Продолжува периодот на променливо време во Македонија, со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот и тоа поради влијанието на ТОПЛАТА воздушна маса од југ. Услови за слаб локален дожд ќе има во западните предели.

ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и во поголем дел од Македонија ќе има во петок особено попладне и во вечерните часови кога ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено и локално ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец.

Пад на температурите и засилен северен ветер ќе има во недела. Исто така во текот на ноќта сабота кон недела ќе има нови врнежи од дожд, додека поради продорот на ПОСТУДЕН воздух од север на планините ќе има врнежи од снег.

Сепак според последните направени метео материјали, падот на температурите нема да биде екстремно голем и долготраен, што значи дека во текот на следната седмица барем одсега гледано повторно ќе имаме ПРОЛЕТНИ температури на воздухот.

Инаку овие денови наутро температурите ќе бидат позитивни, додека преку ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.

Во Скопје исто така во петок особено кон крајот на денот и повторно ноќта сабота према недела ќе има повремени врнежи од дожд и ветер од јужен и југоисточен правец, кој повремено ќе биде со ЗАСИЛЕН интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.

Сето ова е поради влијанието на циклонот од запад – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....