12:32 - 18 ноември, 2026

Попоски: Македонија под влијание на циклон, следуваат нови врнежи, еве кога!

– До крајот на оваа недела и тоа под влијание на циклонска активност од запад, како и на серија влажни воздушни бранови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Снег ќе врне само на највисоките планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите иако пониски, сепак ќе бидат и понатаму релативно над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

Во Скопје и околината продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточн правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.

Хороскоп за 18 ноември: Скорпии, ќе бидете незадоволни од деловните резултати

Еспресо

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо
Се вчитува....