21:29 - 5 април, 2026

Попоски: Ќе имаме летни септемвриски денови!

– Иако ветровито, сепак во следните денови ќе биде значително потопло преку ден, особено од петок па за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, што значи дека пред нас се пријатно топли летни септемвриски денови.

До четврток ќе има повеќе облачност, но и сончеви периоди и услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во јужните и југозападните предели. Од петок и за време на викендот ќе имаме многу повеќе сончеви периоди, додека брзината на ветерот насекаде значително ќе се намали.

Сепак наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, а понекаде, особено во Малешевијата температурата ќе се спушти и под 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди, но ветровито. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....