12.8 C
Скопје
18:19 - 14 март, 2026

Попоски: Искористете го топлото време, следуваат промени, еве кога

До петок времето во Македонија ќе се задржи како што доликува за овој период од годината, а тоа е топло време со летни температури на воздухот и повеќе сонце. Сепак екстремно топло време нема да имаме, и максималните дневни температури на воздухот низ Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени. Сепак УВ ИНДЕКСОТ ќе биде МНОГУ ВИСОК и ќе изнесува коефициент некаде околу 8.

Во Скопје  и околината температурата овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.

Сепак особено во планинските региони овие денови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, за време на викендот повторно во Македонија ќе имаме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната Атмосфера, и исполнета со МНОГУ енергија поради топлотниот Африкански бран, на повеќе места повторно ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град и истиот би можел да биде од поголема величина.

За време на викендот очекуваме и ПАД на температурите на воздухот, како и северен ветер и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север. Поради очекуваните ИНТЕНЗИВНИ врнежи, повторно ќе постои ОПАСНОСТ од нови ПОПЛАВИ и излевања на некои реки низ државава. Токму поради ова на граѓаните им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Опасност од ново НЕВРЕМЕ и локални поплавувања за време на викендот ќе има и во Скопје  и околината – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо
Се вчитува....