13.8 C
Скопје
08:47 - 26 октомври, 2026

Попоски: Џеновски циклон ни носи голема промена на времето, еве кога

-До петок, Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе бидат високи, но нема да бидат екстремно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 38 тепени, додека особено во четврток и во петок во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 40 степени.

Во Скопје максималната температура овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.

Под влијание на Џеновски циклон, за време на викендот кај нас ќе има поголема промена на времето, односно во сабота на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме.

Од недела ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите позначително ќе се намалат (за околу 10 степени) – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.
Се вчитува....