17.8 C
Скопје
18:09 - 18 октомври, 2026

Бредли Купер застана зад штрајкот на своите колеги и ќе ја бојкотира премиерата на „Маестро“

Бредли Купер нема да присуствува на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“ на филмскиот фестивал во Венеција во знак на солидарност со штрајкот на SAG-AFTRA, изјави портпаролката на фестивалот Лазарин Микела за TheWrap.

Неговата одлука да не отпатува во Венеција на фестивалот следниот месец е во знак на поддршка за актерите што штрајкуваат за поголеми плати и подобри услови.

Годинешниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција, што ќе трае од 30 август до 9 септември, уште во најавата е контраверзен со  новите филмови од Роман Полански и Вуди Ален надвор од конкуренција.
Филмовите кои ќе се тркаат за награда во Венеција ги вклучуваат „Poor Things“ на Јоргос Лантимос (кој Дизни штотуку го префрли на широк датум на прикажување на 8 декември), „Присила“ на Софија Копола, „Ферари“ на Мајкл Ман, „Потекло“ на Ава ДуВерне и на Дејвид Финчер „Убиецот“.

„Маестро“ е вториот филмски режисерски обид на Купер по блокбастерот „Ѕвезда е родена“.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....