7.8 C
Скопје
00:31 - 31 март, 2026

Попоски апелира на внимателност: Нови непогоди посилни од оние кои ги имавме вчера

– Македонија во текот на вчерашното попладне беше зафатена од НЕВРЕМЕ, кое особено во Гостиварскиот регион услови и ПОПЛАВИ. Локални поплавувања имаше и на другите места низ Македонија, а градот кој паѓаше во делови од Македонија беше со голема на лешник.

До првите денови од месец јуни, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Во следниот период повторно очекуваме ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ врнежи, и локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), со што постои опасност од локални ПОПЛАВИ.

Апелираме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така понатаму ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Нема никаква најава за поизразен топлотен Африкански бран како што доликува за овој период од годината, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....