16.8 C
Скопје
10:10 - 22 октомври, 2026

Помладиот брат на Мадона пронајден мртов: Еве што им го расипа блискиот однос

Помладиот брат на Мадона почина на 63-годишна возраст, пренесува The Sun. Тажната вест ја потврди и неговиот публицист. Како што пренесуваат некои странски медиуми, причина за смртта е тумор, но овие наводи се уште не се потврдени.

Поп-иконата имаше комплициран однос со нејзиниот брат, а тој стана особено затегнат откако Кристофер објави мемоари во кои откри незгодни детали од семејниот живот „Живот со сестра ми Мадона“ во 2008 година.

Веста за смртта на Кристофер доаѓа откако нивната маќеа почина на 24 септември по кратка битка со тумор. Кристофер работел како дизајнер, режисер и уметник.

принтскрин, јутјуб

Порано имал многу блиски односи со својата сестра, а кариерата ја започнал како асистент на ѕвездата во подем. Тој беше и стилист, уметнички директор и личен стилист на Мадона. Тие пораснаа заедно во Мичиген, учејќи да танцуваат еден покрај друг.

Меѓутоа, кога напиша мемоари во кои ги извади сите „валкани алишта“, тоа создаде раздор во нивната врска. Потоа ја нарече ѕвездата и хитмејкерка позната по прекарот „Материјална девојка“ – „девојка од средната класа, која ја пропагираше приказната дека пристигнала на Тајмс Сквер со еден пар балетски чевли и 35 долари во џебот“.

Како што тврдеше тој во книгата, ова е „чиста митологија и како што таа станува поуспешна, нејзината животна приказна станува сè помитолошка“.

Постариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина минатата година на 67-годишна возраст. Живеел како бездомник, а како што тврдеше самиот, семејството му свртело грб откако се препуштил на пороците.

Слични објави

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova
Се вчитува....