14:59 - 19 ноември, 2026

Дарко Лазиќ стана татко по третпат, се огласи неговата бивша сопруга: „Како да станав тетка“

Катарина Лазиќ, сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, денеска роди девојче, на кое и го дадоа името Срна.

принтскрин

На Дарко ова му е трето дете, а неговата прва сопруга Ана Севиќ во разговор за српски Информер изјавила дека е многу среќна што нивната Лорена добила полусестра, а се чувствува како да станала тетка.

– Навистина сум многу среќна, срцето ми е толку полно, како навистина да станав тетка. Пред малку се допишував и со сестрите на Каќа, им честитав, но и тие ми честитаа, сите сме тетки – низ смеа изјави Ана и додаде:

– Фала му на Бога за се, за децата, за оваа врска и секако. На сите им посакувам вакво богатство.

– Лорена е многу среќна, се разбира, сега има две сестри и двајца браќа. Допрва ќе видат само колку ќе си значат еден на друг и многу е убаво што ги има толку многу – рече таа и откри дека дефинитивно ќе го прослави раѓањето на Срна:

– Ќе има некаква прослава, сигурно, но не ме прашувајте ништо за тоа.

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....