6.8 C
Скопје
11:16 - 17 февруари, 2026

Полусестрата на Меган Маркл тврди дека Арчи го родила сурогат мајка и дека Хари можеби не е негов татко

Профилот на Твитер на полусестрата на Меган Маркл беше суспендиран во понеделникот поради наводен обид да ја заобиколи претходната забрана на платформата за социјалните медиуми издадена во 2019 година.

На 57-годишната Саманта Маркл ѝ е суспендирана втората сметка на Твитер, @TheMarkleSammy, три години по суспензијата на нејзиниот прв профил, @sammy-markle.

Претходно Саманта Маркл упати голем број обвинувања на сметка на својата позната сестра, а поради твитовите и беше забрането да ја користи социјалната мрежа Твитер.

Семејните проблеми на војвотката од Сасекс јавноста ги гледа со години, а сега се појавија нови обвинувања кои ги напишала на социјалните мрежи Саманта Маркл, сестрата на Меган Маркл.

– Верувам дека сурогат мајката сѐ уште не го родила детето. Мислам дека треба да биде задолжително да се достават докази дека се родило дете од матката на сестра ми и дека Арчи не треба да има титула бидејќи мислам дека е вмешана сурогат мајка – напишала Саманта и објаснила.

– Мислам дека е така поради фотографиите што беа објавени, на кои нејзиниот стомак е голем наутро, а рамен навечер“, напиша Саманта на Твитер минатата година.

Саманта ја оцрни Меган и ги кажа семејните тајни непосредно пред нејзината венчавка со принцот Хари.

Сестрата на Меган смета дека војвотката не ги родила ниту Арчи, ниту Лили, и дека поради тоа на децата не им следуваат кралски титули.

„Нема ДНК докази дека Арчи е син на Хари и нема докази дека тој и Лили дошле од матката на Меган“, пишуваше Саманта Маркл.

Адвокатот на Саманта тврди дека нејзиниот профил бил хакиран и дека таа воопшто не ги напишала сите објави против Меган.

Слични објави

(Фото) Едита го покажа трудничкиот стомак и новиот имиџ, а проговори и за разделбата со партнерот

Еспресо

Претепан синот на Снежана Ѓуришиќ: Сосед му ги скршил ребрата!

apostolova

(Видео) Јована Јеремиќ провокативна во златно бикини: Се снимаше во хотелска соба со шампањско во рака

Еспресо

Хороскоп за 17 февруари: Овните ќе бидат самоуверени, Скорпиите ќе се фокусираат на своите амбиции

Еспресо

(Фото) Едита Арадиновиќ непрепознатлива: Пејачката го промени личниот опис и го покажа трудничкиот стомак

Еспресо

Еве како изгледа синот на Марија Шерифовиќ, Марио

Е.А.
Се вчитува....