8.8 C
Скопје
21:04 - 30 март, 2026

Поларни температури за Божик до -56 степени во Америка

Големата зимска бура што ги зафати САД ќе донесе најстуден Божик во изминатите четири децении, велат метеоролозите.

Студениот бран кој се случува еднаш во генерација почна во вторникот во северозападниот дел на Пацификот, пред да се пресели на исток и да стане „циклонска бомба” до петок.

Циклонска бомба е голема, интензивна бура што брзо се движи, со пад на централниот воздушен притисок од најмалку 24 милибари за 24 часа. Името бомбастично го доби поради експлозивната моќ предизвикана од наглиот пад на притисокот. Таквите бури предизвикуваат тешки временски услови од виулици до обилни врнежи.

Повеќе од 90 милиони луѓе се предупредени за зимски временски неприлики во 37 држави. Околу 80 отсто од државата ќе доживее ниски температури, вклучително и на југ до Тексас.

Арктичката екслозија  која Ведр ченл ја нарече зимска бура Елиот, би можела да го донесе најстудениот Божиќ на Средниот Запад од крајот на 1980-те.

Се предвидува дека дури и сончевата држава Флорида ќе го доживее најстудениот Божиќ во изминатите 30 години.

Националната метеоролошка служба (НВС) објави дека до крајот на оваа недела можни се температури од минус 45 до дури минус 56 Целзиусови во некои делови од земјата.

Таквите ниски температури можат да предизвикаат „смрзнатини за помалку од пет минути доколку не се преземат мерки на претпазливост, при што можни се хипотермија и смрт поради продолжено изложување на студ”.

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....