14:40 - 3 април, 2026

Почина Владимир Блажев – Панчо од групата „ДНК“

По долга и тешка битка од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, во која како последица од страотниот пожар животот го загубија 63 лица, почина Владимир Блажев – Панчо, член на легендарното дуо „ДНК“, потврдија од болницата „Аџибадем Систина“, каде што се лекуваше.

Си замина уште една легенда на македонската музика. Тешко е да се најдат зборови кои можат да ја опишат болката и празнината што ја остава неговото прерано заминување. Панчо беше уметник со големо срце, човек кој преку својата музика ги обединуваше генерациите и создаваше песни што ќе живеат засекогаш.

Повеќе од дваесет години, заедно со својот музички брат Андреј, како ДНК, оставија неизбришлив белег на македонската сцена. Нивните песни не беа само хитови – тие беа приказни, емоции и дел од животите на многумина. Со своите стихови и искрен настап, Панчо допираше до душата на публиката и ја освојуваше со секој збор.

Од Аџибадем Систина изразија сочувство и истакнаа дека, почитувајќи ја приватноста на пациентите и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не можат да споделуваат дополнителни информации.

Панчо ќе остане запаметен како симбол на талент, добрина и искреност. Неговата музика ќе продолжи да живее како потсетник на човекот кој знаеше како да ја претвори емоцијата во песна.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....