7.8 C
Скопје
23:24 - 31 март, 2026

Почина легендарниот Синиша Михајловиќ, еден од најдобрите фудбалери и тренери

По долгогодишна борба со леукемијата на 53-годишна воздраст почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец.

Две години подоцна се пресели во Војводина, а во 1990 година пристна во Црвена Ѕвезда со која стана Европски и Светски шампион.

После две години заминува во Италија каде настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, при што се здоби со статус на еден од најдобрите одбрамбени играчи во Серија А.

Во 1999 година беше прогласен за најдобар фудбалер на Југославија, а за репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна 10 погодоци.

Како тренер ги водеше тимовите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан,Торино, Спортинг, а беше селектор и на Србија.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....