16:45 - 2 април, 2026

Почина легендарната холивудска икона Бети Вајт 18 дена пред 100-тиот роденден

Почина Бети Вајт, една од најпочитуваните комичарки во светот и една од најстарите активни актерки. Веста за смртта на легендарната актерка ја објавија магазинот „Пипл“ и „Вашингтон пост“.

Актерката починала во својот дом во петокот наутро. Ќе остане запаметена по бројните улоги , а можеби најпозната е нејзината улога на Роуз Нилунд во серијата „Златни девојки“, која се прикажуваше од 1985 до 1992 година.

Instagram

„Многу сум среќна што имам добро здравје и што се чувствувам вака добро на оваа возраст. Одлично чувство“, изјави легендарната актерка неодамна.

Како главна причина за својата долговечност Бети го сметаше најзаслужен „нејзиниот вечен оптимизам“.

Profimedia

„Го наследив од мајка ми и тоа никогаш не се промени кај мене“, откри таа во последното интервју. А кога ја прашале за нејзината исхрана, таа се пошегувала: „Се обидувам да избегнувам сè што е зелено. Мислам дека делува“.

За својот 100-ти роденден Бети планираше да објави филм за нејзиниот живот. „Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration“ во режија на Стив Боетвер и Мајк Тринклин.

Во филмот гледачите ќе видат што се случувало на различни снимања, како актерката се забавувала во слободното време и како го прославила својот јубилеен роденден.

Во филмот ќе се појават бројни имиња од филмската индустрија, како што се Рајан Рејнолдс, Тина Феј, Роберт Редфорд, Клинт Иствуд, Морган Фримен и многу други.

бети вајт
епа+ефе/инстаграм

 

 

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....