14.8 C
Скопје
11:33 - 23 април, 2026

Почина холивудската актерка Робин Григс: Долго време се бореше со страшна болест, битката не успеа да ја добие

Американската актерка Робин Григс почина во саботата (13 август) на 49-годишна возраст, а пред смртта се бореше со рак на грлото на матката. Веста е објавена на нејзината официјална страница на Фејсбук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Griggs (@robyngriggsofficial)

– Здраво на сите, со голема тага ве известувам дека Робин почина. Сепак, таа повеќе не страда, а би сакала да се сеќаваме на тоа и да ја паметиме само по убави работи. Никогаш нема да заборавам колку беше отворена и колку беше подготвена да ја сподели својата приказна и дека ја прифати мојата помош да ја раскажам. Сакаше да им помогне на луѓето и да зборува за тоа што и се случува. Беше чест да се биде дел од него. Почивај во мир пријателе, те сакам и се насмевнувам кога ќе помислам на тебе.

Робин Григс беше актерка во сапунски серии. Таа беше Стефани Хобарт во „One Life to Live“, а потоа ја играше Меги Кори во „Another world“. Таа го напушти светот на „сапуниците“ во 1995 година, но се врати на актерството во раните 2000-ти, кои ги одбележа со улогите во хорор филмовите „Dead Clowns“ и „Slashers Gone Wild“. Потоа, стана дел од хорор филмовите. Глумеше и во детски пред да се префрли на телевизија и филм. Го издаде (и испеа) концептуалниот рок албум „Love’s Young Nightmare“ од 2004 година.

Зад себе го остави нејзиниот сопруг Мајкл Вајли, со кого се омажи во 2013 година.

Григс се бореше со ракот во последните 2 години, а на веб-страницата Go FundMe успеа да собере 19.000 долари за да ги плати болничките сметки и лековите бидејќи повеќе не беше во состојба да работи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Griggs (@robyngriggsofficial)

Во февруари годинава изјави дека хемотерапијата не реагира, па почнала имунотерапија. За жал, подоцна објави дека има 4 нови тумори и дека се враќа на хемотерапија. Таа се обиде да ја сподели својата приказна и колку е важно да се оди на прегледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Griggs (@robyngriggsofficial)

Слични објави

Судирот меѓу Ана Бекута и Зорица Брунцлик предизвика голем интерес во јавноста – Кемиш упати остро писмо до колешката

Е.А.

Горда мајка: Соња Тарчуловска објави слики од децата со посебен повод

Еспресо

(Фото) Данијела Димитровска слави 39. роденден – проѕирна маичка, шампањ и романтичен подарок од сопругот

Еспресо

Драгана Левенска со повредена рака по судир со тротинет: „Се разбравме, но сите да внимаваме“

Еспресо

Хороскоп за 23 април: Биковите ќе бидат популарни меѓу колегите, Девиците ќе бидат трпеливи во работата

Еспресо

Николина Пишек за судењето што трае веќе 5 години: „Мојата постара ќерка ми замерува за ова…“

Еспресо
Се вчитува....