01:48 - 11 ноември, 2026

Почина гитаристот Џеф Бек, „богот на гитарата“: Последните концерти ги направи со неговиот пријател Џони Деп

Гитаристот Џеф Бек почина на 79-годишна возраст. Ова го објавија претставници на уметникот на Твитер.

„Во име на неговото семејство, со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на Џеф Бек. Тој почина вчера мирно по ненадејна инфекција со бактериски менингитис“, се вели во пораката.

Џеф Бек важеше за еден од највлијателните гитаристи во светот. Неговата работа се рефлектира во музички стилови како што се блуз рок, хард рок и фјужн, а списанието Ролинг Стоун го нарече „бог на гитарата“. Во 2011 година, Ролинг Стоун го вброи како еден од најголемите гитаристи во светот, каде што беше рангиран на петото место.

Бек ја започна својата музичка кариера во рок бендот од 1960-тите Yardbirds, во кој беа вклучени и Ерик Клептон и ко-основачот на Лед Цепелин, Џими Пејџ.

Во 1967 година, Бек ја формираше својата група Џеф Бек Груп и ја започна својата соло кариера во средината на 1970-тите.

Има освоено осум Греми награди и двапати беше примен во Рокенрол Куќата на славните, во 1992 и 2009 година.

Во 2022 година, го објави албумот наречен „18“ во соработка со актерот Џони Деп, кој беше негов близок пријател. Направија заедничка турнеја во текот на летото по завршувањето на судскиот спор меѓу Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....