8.8 C
Скопје
11:59 - 1 април, 2026

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

Славиша Пајкиќ, познат во целиот свет како Биба Струја, почина на 67-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Веста ја потврди неговиот син, откривајќи дека на Биба во јануари му бил дијагностициран агресивен карцином на мозокот кој брзо се проширил.

Биба Струја беше погребан вчера во неговото родно село Полјана кај Пожаревац, во присуство на најблиското семејство и пријателите.

Двапати во Гинисовата книга на рекорди

Својата несекојдневна способност ја открил како тинејџер, кога сфатил дека напон од 220 волти не му предизвикува никаква болка. Неговата кариера ја одбележаа два Гинисови рекорди. Во 1983 година беше запишан како човек кој може да издржи неверојатен електричен напон, а во 2003 година во Шведска постави нов рекорд кога користејќи го своето тело како спроводник, загреа 15 мл вода од собна температура до речиси точка на вриење (97°C) за само една минута и 37 секунди.

Научно објаснување за „чудото“

Иако многумина мислеа дека се работи за трик, научните истражувања на Институтот за физика во Белград покажаа дека Биба имал ретка состојба наречена ектодермална дисплазија. Неговата кожа била исклучително сува, без влакна и потни жлезди, што ја правела совршен изолатор. Неговата отпорност на струја била дури 50 пати поголема од онаа кај просечниот човек.

Биба Струја останува запаметен како еден од најголемите светски феномени, за кој во 2012 година беше снимен и долгометражен документарен филм кој се прикажуваше на бројни светски фестивали.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....