00:40 - 11 јануари, 2026

Почина актерката Анџела Ленсбери: Зад себе остави 70-годишна кариера, а првиот брак ѝ завршил бидејќи нејзиниот сопруг бил геј

Познатата пејачка и актерка, Анџела Ленсбери почина на 97-годишна возраст и зад себе остави богата кариера од 70 години. Тажната вест ја потврди семејството.

„Децата на Анџела Ленсбери со тага објавуваат дека нивната мајка починала мирно во сон дома во Лос Анџелес во 1:30 часот наутро во вторник, 11 октомври 2022 година, само пет дена пред нејзиниот 97-ми роденден“, напишало нејзиното семејство во соопштението.

Најпозната ќе остане по улогата на мистериозната писателка и борец-аматер против криминалот, Џесика Флечер во хит серијата „Убиство, напиша таа“. Серијата се прикажуваше 12 сезони, од 1984 до 1996 година, а Ленсбери ја воодушеви публиката како писателка чии остроумни забележувања секогаш ги надмудруваа криминалците, па дури и локалната полиција пред да биде разоткриен вистинскиот убиец.

Ленсбери освои пет Тони награди, а последната во 2009 година за најдобра актерка во филмот „Blithe Spirit“ на Ноел Кауард. Нејзиното најпознато дело на Бродвеј беше улогата на Нели Ловет во претставата „Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street“. За таа улога во 1979 година, Ленсбери ја освои наградата Тони за најдобра актерка во мјузикл.

Своите вештини за пеење ги пренесе од Бродвеј на големото платно, преку анимираниот мјузикл „Убавицата и ѕверот“ од 1991 година. Го даде гласот на г-ѓа Пот, што беше оценето како еден од најомилените моменти во популарниот филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by comingsoon.it (@comingsoon_it)

Нејзините други три награди Тони беа за најдобра актерка во мјузикл за „Mame“ во 1966 година, „Dear World“ во 1969 година и „Gypsy“ во 1975 година.

Телевизиската академија ја номинираше Ленсбери со 12 Еми награди за нејзиниот портрет на Џесика Флечер, но таа никогаш не освои награда.„Убиство“ привлече повеќе светско внимание од која било друга улога што сум ја играла во филмови или на театар. Прекрасно е да се биде познат во Шпанија, Португалија, Франција и Германија и насекаде“, рече таа во 2013 година примајќи ја почесната награда на Академијата.

Ленсбери беше примена во телевизиската Куќа на славните во 1996 година, а британската кралица Елизабета Втора ја одликуваше со Орден на Британското царство во 2013 година.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.
Се вчитува....