14:32 - 25 февруари, 2026

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

Пред само три месеци го загуби татко му, а пред два дена, си замина и негвоата мајка. Пејачот Дарко Илиевски кој живее во Америка, во туѓина ја дозна тажната вест за смртта на мајка му.

-Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато.

Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате…еден ден ќе немате можност да го направите тоа! – напиша Дарко во својата објава на социјалните мрежи вна 2 декември. Сега, тoj објави детали за испраќањето на мајка му:

-Почитувани роднини и пријатели, Ве известуваме дека погребот на нашата Мајка ќе биде во сабота 06.12.2025 година. Ќе биде изложена во 10 часот во капела во Бутел, а погребот ќе биде во 11 часот на гробиштата во Камник. Да ја испратиме достоинствено и гордо, исто каква што беше и таа – напиша пејачот.
По загубата на родителите, на Дарко му остана само таа, неговата сестра Јованка со која често објавува слики на социјалнитe мрежи.
-Братот е заштитник и најдобар пријател – а тоа што те имам како сестра значи дека секогаш ќе имам кого да сакам, за кого да се борам и да сакам, без разлика каде ќе нè однесе животот – напиша Дарко за сестра му, набрзо по смррта на нивниот татко во август.
Дарко со сестра му Јованка Фото / Фејсбук

Дарко си ја отвори душата за последната средба со својот татко, за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

„За жал почина татко ми, Бог да го прости. Последните неколку дена само прашуваше кога ќе дојде Дарко. Но ете, во неделата вечерта дојдов, во понеделникот тој веќе почина. Кога се видовме, веќе беше во тешка ситуација, успеа и да ме препознае и ете, да кажеме дека се простивме“, рече пејачот.

Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо
Се вчитува....