7.8 C
Скопје
21:06 - 1 април, 2026

По Прија, Дино Мерлин го „запали“ Загреб: Најевтините билети поскапи од оние за Пријовиќ

Во последните денови многу се пишуваше за Александра Пријовиќ и нејзините пет Арени во Загреб. Сепак, сараевската легенда Дино Мерлин ја престигна Прија во Белград за една Арена, каде таа одржа 3 концерти на крајот на септември, а тој одржа четири концерти во ноември. Но, Пријовиќ „возврати“ зашто со петте концерти го постави рекордот на Арена Загреб, додека Мерлин го чекаат четири концерти во Загреб. Концертите на Мерлин се одржуваат на 8 и 9 декември и на 15 и 16 декември во рамките на турнејата „Ние“.

Најевтиниот билет е оној за партер и чини 35 евра во предпродажба. Истиот билет за концерт за Пријовиќ чинеше 25 евра. Долните трибини за Пријовиќ чинеа 32 евра, додека за концертите на Мерлин треба да се издвојат 55 евра за долната трибина од прва категорија, 45 евра за долната трибина од втора категорија и 40 евра за долната трибина од трета категорија.

Горните трибини за Пријовиќ чинеа 27 евра, а за Мерлин се поделени во две категории. Горната трибина од прва категорија е 35 евра, а од втора категорија е 30 евра. Исто чинат ВИП ложите на концертот на Мерлин и на Пријовиќ, 130 евра.

Потсетуваме, Мерлин во рамките на турнејата „Ние“ (Ми) има закажано 12 Арени – четири во Белград, четири во Загреб и по две во Скопје и Цирих.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....