11:52 - 21 ноември, 2026

По периодот исполнет со скандали, Аца Амадеус објави фотографија со 23 години помладата девојка Барбара 

Познатиот музичар Александар Станимировиќ, познат како Аца Амадеус, повторно е среќно заљубен. Тој за првпат објави заедичка фотографија со својата нова избраничка, атрактивната пејачка Барбара Бојовиќ, споделувајќи интимен момент на социјалните мрежи.

На фотографијата двојката позира прегрнато и со насмевка на лицата, со што музичарот и официјално ја потврди новата љубов. Неговата нова партнерка е повеќе од две децении помлада од него, а неодамна тој говореше и јавно, откривајќи дека веќе започнале да живеат заедно:

„Конечно ја најдов љубовта на мојот живот! Се запознавме преку заеднички пријатели и брзо се роди искра. Сега можам слободно да кажам дека врската е сериозна и дека веќе живееме заедно кај мене“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aca Amadeus (@acaamadeus_shelby)

Барбара е исто така пејачка, а Аца истакнува дека нејзиниот талент е извонреден. Како поддршка во нејзината кариера, музичарот и неговите колеги од групата веќе подготвуваат нови музички проекти за неа.

„Таа е една од најдобрите пејачки што сум ги слушнал. Мојот брат ѝ напиша песна, а тимот на Амадеус бенд ќе ја работи продукцијата. Сосема е природно да ѝ дадам целосна поддршка на личност со таков талент“, истакна музичарот.

Слични објави

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova

Јована Јеремиќ носела детаљ од 20.000 евра на свадбата со Тигар: Поради него ја тужела пејачката

Еспресо
Се вчитува....