8.8 C
Скопје
09:44 - 31 март, 2026

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт.

Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата и ставете ги во рерна да се печат. Поедноставно не може да биде. Од зеленчук одберете сезонски како тиква, компир и цвекло, одлично ќе се сложат со лимон и пилешко. Јадењето најпрво може да го печете во фолија, а потоа да го откриете за да стане крцкаво. Додека пилешкото и зеленчукот се печат, измешајте во јогуртот ситно исечкан копар.

Намирници

1 кромид,

500 грама тиква,

500 грама компир,

3 цвекла,

2 лимона,

6 копани,

100 мл јогурт (густ),

2 лажици копар,

магдонос,

маслиново масло, сол и црн пипер.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени, зеленчукот исечкајте го на парченца (не многу ситни), а лимонот на кругови. Ставете ги во поголем сад, зачинете со маслиново масло, сол, црн пипер и магдонос. Добро измешајте и префрлете ги на хартија за печење со кој сте ја обложиле тепсијата. Додадете ги пилешките копани, па посолете. Копаните наредете ги на врвот на зеленчукот. Печете околу 45 минути. Додека пилешкото се пече со зеленчукот, направете сос од јогурт и копар во кој ќе додадете лажица маслиново масло, сок од половина лимон, сол и црн пипер.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....