5.8 C
Скопје
00:49 - 1 април, 2026

Петре Прличко направил големо нешто за Гоце Тодоровски, актерот раскажа емотивна приказна

Гоце Тодоровски искрено раскажа што направил за него легендарниот Петре Прличко, дедо му на Игор Џамбазов, а откри и како почнала неговата дружба со Џамбазов.

Во поткастот на Стефан Лазаров, легендарниот актер рече во еден период биле неразделни и многу се дружеле со Игор Џамбазов. Тој прво доаѓал секој ден во Драмски театар и му давале мали улоги, па потоа поголеми и се вработил во театарот.

Петре Прличко со внук му Игор Џамбазов Фото / Инстаграм

– Ние имавме навика после претстава да седнеме во бифето на Драмски, и дојде дедо му Петре Прличко. На маса седевме едно десетина души и вели:

– Да ви кажам на сите, јас сега можам комотно да умрам зашто имам наследник. И покажа накај мене и вика: ‘Тој мене ќе ме наследи како комичар’. Пред сите луѓе, сите занемеа. Мене ме фати дури срам и незгодно ми беше.

Фото/ Инстаграм

Имаше и постари колеги и моја генерација но мене ме посочи, по претставата ‘Солунски патрдии’ во бифето“, рече Гоце Тодоровски и додаде дека тоа многу ми значело од повозрасен колега како Петре Прличко.

Прличко е роден на 13 март во 1907 година во Велес, а почина во Скопје на 16 ноември во 1995. Наскоро се навршуваат 30 години од смртта на легендарниот актер. Гоце Тодоровски е роден во 1951.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....