7.8 C
Скопје
19:55 - 20 февруари, 2026

Песната „Ти само буди довољно далеко“ ја крие приказната за фаталната љубов на поранешната екс-ју икона

Познатата српска актерка, балерина и водителка Јелена Тинска е една од иконите на поранешна Југославија. Таа беше дел од култната група „Локице“, која го придружуваше Здравко Чолиќ на неговите концерти. Згодна, млада, привлечна, во трико и со голи рамена, Јелена едноставно пленеше со својот изглед.

За нејзиниот љубовен живот зборуваше цела Југославија, а таа уште повеќе ги разгоруваше муабетите со отворени признанија за нејзините симпатии.

Прв пат се омажи со Драгослав Лутовац, со кого има две ќерки, но бракот се распадна по само неколку години – Јелена се вљуби во друг. Го сметаа за најубавиот човек во тоа време, и го нарекуваа Аполон. Станува збор за Горан Милошевиќ од групата „Генерација 5“.

Интересно е што Јелена го забележала Горан кога фотографот што ја фотографирал заедно со нејзините ѝ донел и фотографии од Горан. Штом го видела, Јелена прашала кој е убавецот со густа црна коса. Тинска веднаш почнала да го бара неговиот телефон, му се јавила и му се претставила. Но, тој не верувал дека му се јавува таа, па ја спуштил слушалката.

Таа сепак била упорна, па конечно се сретнале и се вљубиле на прв поглед.

Потоа веднаш почнаа да кружат приказни за нив – ги нарекуваа најромантичен пар.

Љубовта цветаше и се чинеше дека ќе трае вечно – Горан ѝ ја посвети на Јелена култната песна „Ти само буди довољно далеко“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Tinska (@jelena.tinska)

Но, тогаш се случи скандал. Се шпекулираше дека Јелена го фатила Горан во кревет со друга.

Тој тврдеше дека не ја изневерил, се обидуваше да објасни дека тоа била стјуардеса што само преспала таму, дека всушност била девојка на неговиот пријател, директорка на аеродромот.

Но, Јелена не веруваше и му се одмазди – беше со неговиот пријател чија девојка спиела во креветот на Горан.

Денеска не се знае многу за Горан, освен тоа што не сака да биде во центарот на вниманието. Сепак, Јелена повремено на социјалните мрежи споделува спомени од нејзината голема љубов.

Слични објави

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.
Се вчитува....