8.8 C
Скопје
11:57 - 1 април, 2026

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Млада девојка од Германија ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи со својата интерпретација на големиот хит на Лепа Бренa, „Окречеш ми леѓа“. Нејзиното видео на Инстаграм собра стотици илјади прегледи и ја воодушеви и публиката и самата пејачка.

На видеото се гледа како девојката со голема емоција ја отпеа песната, а во описот напиша дека иако не е од Балканот, музиката на Бренa ја инспирира. Нејзиниот изговор на српските зборови, природниот талент и емоционалниот израз во гласот предизвикаа бројни позитивни реакции од следбениците:

„Ова е доказ дека музиката нема граници“, „Совршен избор, секоја чест“, „Брена би била горда“, „Колку е убаво“.

И самата Лепа Брена не го криеше воодушевувањето, во коментарите остави црвено срце и емотикони со срца во очи, што јасно покажува колку ѝ се допадна изведбата.

Во кратко време видеото собра повеќе од 38.000 лајкови, а го погледнаа скоро 740.000 луѓе. Девојката на Инстаграм се претставува како „etsallove“, активно се занимава со пеење, живее во Германија и изучува хрватски јазик, што дополнително ги изненади и воодушеви следбениците, покажувајќи ја нејзината љубов кон регионалната култура и музика.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....