9.8 C
Скопје
16:15 - 18 февруари, 2026

Пешачев 80 километри и тропнав на 3.000 врати: Хелена Роза си ја отвори душата за својот пат во Нов Зеланд

Хелена Роза објави детали за големата битка која ја води во Нов Зеланд и за трнливиот пат кој го помина изминатиов период.

Роза, која десет години живее во Нов Зеланд, се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд. Таа е членка на десничарската конзервативно-либерална парија АКТ, чиј лидер е вицепремиерот на Нов Зеланд, Дејвид Сејмур.

Ви благодарам, Норт Шор. Како што ова неверојатно патување се ближи кон крајот, сакам да ја изразам мојата најдлабока благодарност до сите што ме поддржаа: од дарежливите донатори и неверојатните волонтери, до локалните бизниси кои веруваа во мене и секој човек што застана на разговор, испрати порака или се јави на телефон за да ги сподели своите мисли.

Без разлика на исходот – победа или не – ќе продолжам да се борам за здрав разум на Норт Шор. Оваа кампања беше едно од најдрагоцените искуства во мојот живот.

Пешачев над 80 км, тропнав на околу 3.400 врати и имав разговори лице в лице со повеќе од 6.000 луѓе. Секој чекор, секоја насмевка, секоја приказна, сè ми значеше сè.

Вистински сум благодарна за секоја врска и за секој разговор. Ова патување беше за повеќе од само гласови, беше за луѓе, заедница и надеж за подобар, попаметен Норт Шор.

На сите други кандидати, среќно и браво. Потребни се храброст, срце и напорна работа за да се истакнете. Ви благодарам на сите уште еднаш, од дното на моето срце“, напиша Хелена Роза.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо
Се вчитува....