8.8 C
Скопје
12:21 - 1 април, 2026

Пејачот на „Рамштајн“ обвинет за сексуално насилство – жртвите тврдат дека им ставале дрога во пијачките

Германската полиција отвори истрага против пејачот на „Рамштајн“, Тил Линдеман, кого го обвинуваат за серија сексуални напади. Одреден број жени излегоа со сведоштва дека биле регрутирани за секс на концертите на германската метал група.

Шелби Лин од Северна Ирска кажа дека верува дека во нејзината пијачка била ставена дрога и дека ја терале на секс.

Шеесетгодишниот Линдеман ги негираше обвинувањата, а неговите адвокати кажаа дека тие без исклучок се неточни. Полицијата соопшти дека отворила истрага на своја иницијатива, но и врз основа на неколку кривични пријави поднесени од трети лица, кои не биле директно вмешани во инцидентите.

Дваесет и четиригодишната Лин неодамна збореше за постоење на организиран систем на привлекување девојки и дека ја одвеле во мала соба на концертот во Литванија, каде што потоа дошол Линдеман.
Таа вели дека заминала откако сфатила дека станува збор за сексуална работа.

Нејзиното обвинување беше следено од други слични изјави, во кои се спомнуваше Русинка, за која се верува дека регрутирала фанови за Линдеман, така што ги канела на забави пред и по концертите.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....