04:45 - 12 март, 2026

(Видео) Пејачката Аврил Лавињ како никој досега се справи со топлес демонстрантка – „Јас ќе средам сè“

Пејачката Аврил Лавињ беше сведок на несекојдевен настан кога топлес-демонстрант за заштита на животната средина излезе на сцената на наградите „Џуно“, канадски еквивалент на „Брит-авордс“.

Додека пејачката најавуваше настап на почетокот на церемонијата една жена истрча на сцената зад неа.

Пораката на нејзиниот грб гласеше „спасете го зелениот појас“, очигледно во врска со контроверзниот станбен план на владата на Онтарио.

Лавињ се обиде да го заврши својот говор пред да се соочи со жената.

„Прекинете!“, извикала жената и почнала да се удира по градите, пренесува канадската „Си-би-си њуз“. Веднаш потоа чувар ја изнел надвор од сцената.

„Сега никој ништо нека не се обидува. Јас ќе средам сè“, се пошегува Лавињ додека ја прифаќаше наградата по избор на фановите на „Тик-ток Џуно“.

Водителот на церемонијата, актерот Симу Лиу, ја пофали Лавињ, која е од Онтарио, и рече дека се справила со топлес-дамата како шампион.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....