5.8 C
Скопје
02:12 - 1 април, 2026

Озлогласениот лекар силувач избоден со нож во затворот на Флорида – осуден е на 175 години робија

Поранешниот доктор на американскиот гимнастички тим Лоренс Лери Насар се скарал со друг затвореник во затворот во Флорида, при што се здобил со повеќе убодни рани.

Две лица запознаени со инцидентот изјавија за „Асошиејтед прес“ дека Насар бил избоден со нож во неделата во поправната установа Колман и дека денес е во стабилна состојба.

Тој, наводно, бил прободен со нож во грбот и во градниот кош.

Поранешниот доктор беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици гимнастичарки. Неговите жртви беа познатите шампионки како Симон Билс, Али Рајсман и МекКејла Марони. Една од нив откри дека Насар првпат ја силувал кога имала 13 години.

„Ме нападна веднаш штом влегов во репрезентацијата. Ми рече дека сака да ме прегледа, а првпат ме силуваше кога имав 13 години. Подоцна ме силуваше стотици пати”рекла Марони и открила дека таа потоа му се обратила на тренерот Џон Гедерт за помош, но тој не реагирал.

„Му се доверив на тренерот Гедерт, кој не реагираше. Насар рече дека ова е жртва што треба да ја направам за да одам на Олимпијадата“изјавила Марони, која контактирала со тренерот откако се разбудила гола во креветот на Насар.

Тој ѝ дал апче за спиење.l

„Се разбудив гола во неговиот кревет и решив да го пријавам. Но, тие се грижеа само за парите и медалите. Не сакаа ништо друго. Мојата кариера во гимнастика не вредеше за она со кое што се соочив. Сега морам целосно да го започнам животот повторно“рекла таа.

Марони освои златни и сребрени медали на Игрите во Лондон.

Истрагата на ФБИ против главниот лекар на гимнастичкиот сојуз, Насара започна во јули 2015 година, откако претседателот и извршен директор на Ју-ес-еј Гимнастикс, Стивен Пени, ги пријави наводите до теренската канцеларија на ФБИ во Индијанаполис и им ги достави на агентите имињата на трите жртви кои беа подготвени да бидат интервјуирани.

Насар беше осуден на 60 години затвор во 2017 година за поседување и дистрибуција на детска порнографија, а подоцна беше осуден на дури 175 години затвор за сексуално злоставување на стотици гимнастичарки.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....