14:19 - 9 ноември, 2026

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

И по повеќе од 16 години од трагичната смрт на пејачката и танчерка Ксенија Пајчин, деталите од нејзиниот животот продолжуваат да ја брануваат јавноста. Нејзиното заминување остави длабока трага на регионалната сцена, а колегите и најблиските преку музиката ги зачуваа спомените за неа.

Малкумина знаат дека Ксенија ѝ беше сестра на фолк-пејачот Мирко Пајчин, познат како Баја Мали. По трагичниот настан, тој ѝ ја посвети емотивната песна „Spavaj, kraljice“, со која се прости од својата сестра:

„Во моето срце секогаш имаше посебно место, на никој не му дозволував да каже нешто против тебе. Беше силна жена од која се плашеа ѕверовите… Спиј, кралице моја, нека те чуваат ангелите“.

Пејачот во една прилика призна дека песничката била снимена спонтано на еден настап во живо и дека никогаш не сакал официјално да ја сними во студио бидејќи му е премногу тешко да ги пее стиховите кои го болат.

Покрај него, длабока трага остави и Бранислав Бане Ковачевиќ (познат како Бане 187), некогашниот член на групата „187“, кој беше во љубовна врска со Ксенија во текот на 90-тите години. По нејзиното заминување, тој ѝ ја посвети потресната балада „Ja bih pošao za njom“, која воедно носеше и силна порака против семејното насилство и насилството врз жените.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....