5.8 C
Скопје
06:03 - 1 април, 2026

Оваа песна се смета за најтажна во регионот, дури и Тито забранил да се изведува

Многу автори успешно ги преточуваат тажните чувства во текстови, но песната „Плуча су ми болна“ во изведба на Нада Мамула се смета за најтажната песна некогаш напишана, пишува Гранд.рс.

Наводно оваа песна предизвикала голем број самоубиства, поради што, според упатените, самиот Јосип Броз Тито го забранил нејзиото изведување.

Автор на текстот е Драгиша Недовиќ, кој во својата кариера напишал многу песни кои денес се големи хитови.

Малкумина знаат дека самиот Драгиша бил на работ на смртта, уште во 1941 година, кога бил изведен пред стрелачки вод во Шумарице во Крагуевац.

Во последен момент, како познат текстописец, бил тргнат настрана и ја избегнал судбината на многу жители на Крагуевац, а крајот на Втората светска војна го дочекал во германски работен логор во Дормаген.

По завршувањето на војната, во 1950 година Драгиша се вратил во Крагуевац и набрзо се разболел од туберкулоза.

За време на неговата болест и тешките денови, тој ја напишал песната поради која целиот регион исплака многу солзи.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....