17:04 - 2 април, 2026

Оваа Македонка била голема љубов на Бора Чорба: Тајна чувана 50 години

Бора Ѓорѓевиќ беше еден од најголемите автори кој остави неверојатен белег зад себе.

Легендата на рок сцената беше погребана во Чачак во сабота на 7 септември. Бројни колеги и пријатели се собраа да му оддадат последна почит.

По тој повод, на српската ТВ Пинк гостуваа некои од колегите на Чорба кои зборуваа за него, а во еден момент пејачката Маја Николиќ откри долго чувана тајна за рокерот.

Маја ѝ се извини на пејачката што ќе ја открие тајната која се чувала 50 години. Бора бил вљубен во Маја Оџаклиевска и ѝ посветувал свои песни. Николиќ извесно време живеела кај Оџаклиевска:

– Мајо, прости ми што ќе ја кажам оваа тајна што трае повеќе од 50 години. Маја Оџаклиевска беше неговата голема љубов кога беа млади, тој оанака висок и згоден, а таа со нејзините 1,55 см беа прекрасен пар. Сè пукаше од емоции и љубов меѓу нив двајца. Нејзе и ја посвети песната „Неке су жене пратиле војнике“ – изјави Николиќ.

„Бора беше подвижна емоција, него го чекаше поворка од девојки каде ѝ да се појавеше. Тој обично патуваше со автомобил, а зад него одеше шлепер полн со опрема. Кога ќе застанеа и тој ќе излезеше, колона девојки се собираше околу него – објасни Маја.

Ведрана Рудан се прости од Бора Чорба со колумна: „Бора е дел од мојата душа онака како што никогаш нема да бидат луѓето што ги познавам од раѓање“

 

Слични објави

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо
Се вчитува....