03:44 - 7 ноември, 2026

Ова се случува кога во Валандово се пејат фестивалските хитови: Полн плоштад и забава за сите генерации

Плоштадот во Валандово вчера беше преполн, на концертот на македонските фолк-ѕвезди кои ги пееја најголемите хитови на Фолк фест „Валандово“.

Блага Петреска, Елена Велевска, Кате од групата „Соната“, Христијан Божинов-Кико, Мишко Крстевски и Марјан Коцев  во придружба на оркестарот на „Мерак меана“ ги распејаа Валандовчани. Се пееја „Бисер Балкански“, „Лихнида кајче веслаше“, „Жал за Деспина“ „Пејам да не заплачам“ и други кои оставиле траен белег во македонската музика повторно заживејаа на сцената на полниот плоштад.

Марјан Коцев Фото/Фолк фест Валандово

Во еден глас, публиката ги пееше песните кои го одбележаа златното време на македонската фолк музика, а денес се евергрини и ги знаат и помладите генерации. Вечерта ја заокружи мини концертот на Влатко Миладиноски, кој направи уште поголем „џумбуш“.

„Во градот на песната, под отворено небо, Валандово беше домаќин на вечер создадена за публиката. Вечер во која прозвучија рефрени што се препознаваат од првите тактови, песни што одамна излегле од фестивалската сцена и станале дел од прослави, семејни собири, веселби и убави спомени“, рекоа организаторите на фестивалот. Многумина го поздравија овој потег на организаторите, токму вака да почне настанот.

Блага Петреска Фото/Еспресо

Вечерва (27 мај) е главната фестивалска вечер во Домот на културата со нови песни. Фолк легендата Блага Петреска на 27 мај ќе добие награда за животно дело.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....