16:48 - 3 април, 2026

(Фото) Ова не сум го кажала никогаш: Емотивна приказна на Кристина Арнаудова за синот

Пејачката Кристина Арнаудова сподели емотивна приказна за својот син Максим и за сопругот Александар, за една важна случка во нивниот живот. Пејачката рече дека ова никогаш досега не го кажала.

Имено, Максим наполни 15 години и Кристина сподели фотографија со него, правата фотографија од болница во 2010 година, кога тој бил новороденче.

„15 години од оваа фотографија. 15 години од кога ја стекнав најубавата титула во животот. Мама. Мама на Максим! Те сакам сонце мое огреано. Среќен роденден среќо“, напиша Кристина, а потоа сподели уште една важна приказна.

– Никогаш не сум кажала, а сега ми текна. Кога му кажав на маж ми дека ќе добиеме бебе, на ТВ свиреше песнава и кога се роди, на радиото свиреше песната во сала. Епа „Њујорк, Њујорк“, напиша Кристина.

– Јас за нив сум само мајка, мама, и тоа сакам така да остане. Дома не зборуваме за мојата работа, кариера и слично. Тие не ги знаат сите мои песни и не ми се фанови. И сосема сум ОК со тоа. Повеќе знаат дека мама им помага на сиромашните деца отколку дека мама е пејачка – рече Кристина во интервју за „Слободен печат“ за своите синови Максим и Матео.

 

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....