13:04 - 5 декември, 2025

„Ова е предупредување за Драган, со свои очи видел како му гори имотот“ проговори Јована Јеремиќ по пожарот во пекарата на нејзиното момче

Со оглед на тоа што ова е трет пат како sе случува пожар во пекарата на Драган, водителката е сигурна дека тоа не е случајност. Таа смета дека некој сака да испрати предупредувачка порака до нејзиното момче и признала дека тој се бори со голем притисок во работата.

Во раните утрински часови изгоре погонот во пекарата на бизнисменот Драган Станковиќ, момче на Јована Јеремиќ.

Водителката сега првпат проговори по инцидентот и откри дека е причинета штета од над милион и пол евра.

– Пожар избувна утринава околу три часот, во Драгановиот дел од комбинатот. Штетата е над милион и пол евра. Пожарникарите пристигнаа навреме, но Драган со свои очи гледал како му гори имотот. Ова е трет пожар од 2021 година, а втор во последните два месеци. Тоа се предупредувања и притисоци што ги трпи мојот Драган без престан. Има проблеми во пекарската индустрија, странски фактор сака да ја преземе и да владее со лебот на Србија. Ако ни кројат капа странците, колку ќе биде цената на лебот? Кога ќе падне Драган Станковиќ, ќе паднат сите пекари во Србија. Се бори за српската пекарска индустрија. Сите да работат и да заработуваат, а ни само еден производител да собира пари на грбот на добрите луѓе. Вчера имавме најава за низа притисоци кои ќе се случат. Со овој чин ја браниме нашата земја. Сè што се случи е форма на притисок врз индустријата за леб. Драган нема да го продаде бизнисот, тој само сака и се бори за правда, а тоа е дека секој може да работи и да живее од леб, а не лебот да чини 500 динари. Тој се бори против тоа и затоа трпи напади и штети – изјави Јована за српски „Блиц“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Потсетуваме, српските медиуми утрово ја објавија веста дека изгорел погон во пекарницата на дечкото на Јована Јеремиќ, бизнисменот Драган Станковиќ. Огнот голтал се пред себе, изгорел еден дел од погонот и нанесена е штета од преку милион евра. Пожарникарите веднаш дошле на лице место, а надлежните органи го следат и истражуваат случајот.

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....