9.8 C
Скопје
21:37 - 4 февруари, 2026

Отворен тестаментот на Саша Поповиќ: Сопругата наследи 280 станови, 48 локали, вила, луксузни автомобили и јахта

По смртта на легендарниот музички продуцент Саша Поповиќ, неговиот тестамент конечно бил отворен, а јавноста дозна што сè наследила неговата сопруга, пејачката Сузана Јовановиќ.

Според медиумите, Сузана добила вила на Бежаниска коса, дури 280 станови, 48 локали, 500 паркинг-места, два луксузни апартмани во Опатија, како и повеќе скапоцени автомобили и јахта што Поповиќ ја одржувал на хрватското приморје.

Поповиќ важеше за страстен љубител на луксузот. Поседувал импресивен возен парк, меѓу кои и BMW i8 вреден околу 150.000 евра, два „Мерцедес“ џипа и мал „Смарт“ за градско возење.

Во едно интервју изјавил: „Не жалам пари за такви работи – сакам да имам добри и скапи автомобили. А јахтата знам да ја управувам, затоа и ја купив“.

По неговата смрт, Јовановиќ веќе продала два од апартманите во Опатија. Нивниот кум, Дејан Ќирковиќ Ќира, открил дека таа размислува и за продажба на јахтата.

И самата Сузана потврди дека уште за време на животот на Поповиќ решиле дека апартманите не им се потребни.

„Децата не сакаа да одат таму. Саша имаше друштво во Опатија, јас не. Одев поради него, затоа што гледав дека му е убаво. Решивме дека подобро е да патуваме отколку да ги држиме тие апартмани“, изјавила таа за магазинот „Скандал“.

Поповиќ поседувал пространа и раскошна вила на Бежаниска коса, уредена со скап мебел, пијано и бројни уметнички дела.

Интересно е што дел од станбениот комплекс што го градел Поповиќ денес го продава агенцијата на Вики Миљковиќ, која е ексклузивен застапник за продажба на становите и локалите што сега се во сопственост на Сузана.

Иако точните бројки никогаш не биле официјално потврдени, се шпекулира дека Поповиќ и Лепа Брена во 2014 година продале 51% од компанијата „Гранд“ за околу 15 милиони евра.

Медиумите претходно објавија дека вкупната заработка на Поповиќ во последните години достигнала околу 10,5 милиони евра, вклучувајќи го и неговиот дел од продажбата.

Слични објави

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо

(Фото) Поранешната љубовница на Кеба се мажи: Фатена во златарница како избира прстен, еве кој е идниот младоженец

Еспресо
Се вчитува....