19:30 - 10 јануари, 2026

Откријте ги предностите на онлајн услугите на Халкбанк: Онлајн кредит и Онлајн депозит

Брзиот технолошки развој во последниве децении доведе до вистинска дигитална револуција во сите сегменти на секојдневието. Општо е прифатено дека дигиталните услуги се голема предност во современото општество, во кое клучни станаа брзината и ефикасноста на завршувањето на работите. Од вакви промени не е изземено ниту банкарството. Дигиталната револуција придонесе интензивно да се инкорпорираат придобивките од истото и во банкарскиот сектор така што денес, во современото банкарство, интернетот и мобилното банкарство сè повеќе стануваат примарен канал на комуникација.

Технолошкиот развој и константното следење на потребите на клиентите резултираше со тоа Халкбанк, како модерна финансиска институција и една од предводниците на имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови, постојано да воведува нови дигитални производи и услуги. Токму такви се Онлајн депозитот и Онлајн кредитот со кои Халкбанк ја потврди својата лидерска позиција во воведување нови иновативни производи и услуги. И двата производи се наменети за физички лица, со кои лесно, брзо и едноставно, без посета на филијала, клиентите можат да започнат да штедат или да дојдат до потребните финансиски средства. Заедничко за овие два производи е тоа што клиентот е потребно да е корисник на електронско банкарство на Халкбанк.

Со Онлајн депозитот може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит). Банката за овој производ нуди можност за орочување на средства на 6, 12 и 24 месеци, со атрактивни фиксни каматни стапки кои се движат до 2% годишно за штедење во денари на рок од 24 месеци, односно до 1% за штедење во евра на рок од 24 месеци. Кај Онлајн депозитот износот кој се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати, а каматата на орочениот депозит се исплаќа на крај на периодот на орочување.

Онлајн кредитот е наменет за корисници на електронско банкарство кои истовремено се и приматели на плата или пензија во Банката. Максималниот износ за аплицирање е до 300.000 денари, рокот на отплата е до 60 месеци, а каматната стапка е 6,5% фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Кредитот е без БЕЗ провизија за обработка, БЕЗ провизија за предвремена ликвидација и БЕЗ трошоци за апликација за кредит. Постапката за аплицирање за онлајн кредитот е навистина куса, а истовремено и безбедна, договорот за кредитот се потпишува во електронска форма, а префрлувањето на средствата на сметката на барателот е во рок од 5 минути.
Доколку ви се потребни средства или пак, имате пари кои ви стојат дома или на сметка како заштеда, а не сакате или немате време да посетите некоја експозитура, не двоумете се – влезете во дигиталната ера и земете кредит или формирајте штеден влог брзо и едноставно, од својот компјутер или мобилен телефон. Токму тоа го овозможуваат Онлајн кредитот и Онлајн депозитот на Халкбанк.

Комерцијален текст.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.
Се вчитува....