6.6 C
Скопје
03:54 - 1 април, 2026

Откриено колку заработила Ким Катрал за неколку минути појавување во новиот „Сексот и градот“: Вртоглава сума за еден ден работа

На задоволство на многубројните фанови на серијата „Сексот и градот“, во последната епизода од втората сезона на спин-офот „And Just Like That…“ се појави Саманта Џонс, која ја игра познатата Ким Катрал. Таа ги сними своите сцени за And Just Like That… без да разговара со нејзините поранешни колешки и пријателки Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристен Дејвис.

Американските медиуми пишуваат дека познатата русокоса добила неверојатни милион долари за еден ден работа на серијата. Таа е во серијата вкупно 60 секунди, со 20 изговорени реченици – што значи дека заработувала неверојатни 16.666 долари по секунда снимање.

Според зборовите на Катрал, директорот на HBO ѝ се јавил ѝ ја прашал што е потребно за да се врати на сетот. Едно од барањата било таа да биде стилизирана од Патриша Филд, прославената костимографка која работеше на оригиналната серија, но не и на ова продолжение.

Да потсетиме дека Ким, која долги години не е во добри односи со Сара Џесика Паркер, ја одби поканата за снимање на серијата. Таа се појавува само еднаш и тоа без да стапи во никаков контакт со Сара Џесика Паркер, што било уште еден од условите на Ким.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....