02:50 - 5 април, 2026

Откриено е колку ќе заработи Александра Пријовиќ од три концерти во Белград: Бројка која носи вртоглавица!

Една од најпопуларните српски пејачки во моментов, а секако популарна и во регионот, Александра Пријовиќ синоќа одржа концерт во Штарк Арена во Белград, а следуваат уште два концерта, денеска и утре.

Од трите концерти Александра ќе заработи вртоглава сума.

Според пресметките на српските медиуми, откако ќе ги плати сите трошоци и даноци, таа ќе земе 946.206 евра.

Александра, која три пати ќе ја наполни белградската Арена, стана првата натпреварувачка на „Ѕвезде Гранда“ што одржала ваков концерт, но и единствената пејачка која три вечери по ред ќе пее на тоа место.

Според информациите достапни на официјалната веб-страница, капацитетот на Штарк Арена е 19.866 седишта, пренесува Телеграф.

Кога ќе го соберете бројот на седишта на трибините, во партерот и во ложата и ќе го помножите со цените на билетите за тие места, ќе дојдете до цифра од 415.261 евра по концерт. Според тоа, вкупната заработка ќе биде околу 1.245.784 евра за сите три концерти.

Од ваквата вртоглава сума ќе мора да плати данок на државата, што е 41.426 евра по концерт, но и да плати закуп на „Штарк арена“.

Покрај тоа ќе мора да ги исплати и музичарите, танчерите и останатиот дел од екипата која работи на концертот, а на крајот би ѝ останале нешто помалку од милион евра.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....