6.8 C
Скопје
19:44 - 19 февруари, 2026

Откриено е како Бен Афлек ѝ го скрши срцето на Џенифер Лопез: Стрела за нејзиниот роденден

Холивудскиот актер Бен Афлек ѝ го скрши срцето на пејачката Џенифер Лопез купувајќи сопствен недвижен имот на нејзиниот роденден, пренесува Дејли меил.

Инсајдерот изјави дека Џенифер Лопез е длабоко повредена од фактот што нејзиниот сопруг купил нова куќа за 20,5 милиони долари и тоа токму на денот на нејизниот роденден. Според изворот, овој чин на Бен Афлек конечно ја уништила нивната врската со пејачката, а документите за развод се веќе поднсени. Штом славните ќе излезат на суд, ќе излезат и во јавноста со заедничко соопштение.

„Искрено кажано, на крајот не можеа да дојдат до компромис. Она што го имаа претходно го немаа веќе“, рече друг извор за Дејли меил.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имале сериозни проблеми во бракот. Беше објавено дека актерот се преселил од нивната куќа во изнајмена куќа.

На крајот на јуни Џенифер Лопез замина на одмор. Пејачката е забележана во друштво на пријатели во Италија. Во исто време, Бен Афлек остана со своите деца во Лос Анџелес. Неодамна се дозна дека славните ја поминале втората годишнина од бракот одделно, што ги подгреа гласините за развод. Покрај тоа, Бен Афлек ја пропушти и роденденската забава на Џенифер Лопез.

„Џенифер Лопез пак ќе се омажи, и така седум-осум пати“: Поранешниот на Џеј Ло го предвиде крајот на бракот со Бен Афлек

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....