6.8 C
Скопје
09:05 - 1 април, 2026

Откриени детали: Џенифер Лопез ќе носи спектакуларна венчаница на свадбата со Афлек овој викенд

Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно ќе се венчаат: од петок 19 август до недела 21 август (повторно) ќе ја слават својата љубов со членови на семејството и блиски славни пријатели. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THE WEDDING BLISS (@theweddingbliss)

Раскошната тридневна забава – организирана до сите детали од Колин Кау, планерот за венчавки на ѕвездите – ќе започне во петок на 19 август, со многу елегантна вечера со пријателите: меѓу другите се очекува и Мет Дејмон, Џими Кимел, пријателката на Џен – американската глумица Дреа де Матео и секако Кејси Афлек, братот на Бен.

Главната свадбена церемонија ќе се одржи во сабота на 20 август и ќе биде најромантичниот момент од викендот.

Свеченостите конечно ќе завршат во недела на 21 август, со понеформална забава – скара и пикник.

Познато е и дека Афлек сакал сите „рефлектори“ да бидат насочени кон Џенифер, па затоа особено внимание ќе се посвети на венчалниот фустан. Имено, во сабота, на главната церемонија, Џенифер ќе излезе на сцената облечена во фустан од висока мода од Ралф Лорен произведен во Италија, пренесуваат италијанските медиуми. Раскошна, доминантна и суперженствена креација.

Првите фотографии на Џенифер во венчаницата – како што пишуваат италијанските портали – ќе бидат направени ден пред свадбата и веќе се договорени ексклузивно со модната библија Вог која ќе има право да ги објави.

Да се потсетиме дека Џеј Ло, на свадбената церемонија во Лас Вегас, носеше два фустана. Инаку, изборот на Ралф Лорен воопшто не е случаен. Џенифер носеше креација од Ралф Лорен на црвениот тепих на Мет Гала минатата година кога всушност во јавност се појави на настанот заедно со Бен Афлек. И парот и креацијата предизвикаа воздишки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....