09:17 - 12 март, 2026

Откриена причината за разводот на Хју Џекмaн и Дебора-Ли Фурнес: Еве ги деталите

Инсајдер близок до Хју Џекмaн и Дебора-Ли Фурнес за Дејли Мејл откри детали за причините за разводот на ѕвездената двојка.

Според него, врз односот на сопружниците негативно влијаело „заклучувањето“ за време на пандемијата на коронавирус и тековните штрајкови на холивудските актери и сценаристи.

Според изворот, во последниве години љубовта меѓу Хју и Дебора почнала да се претвора во пријателство и конечно пропаднала за време на изолацијата во екот на Ковид-кризата. Двојката работела на својата врска, обидувајќи се да ја надмине тензијата што настанала меѓу нив и да ги врати старите чувства, но на крајот признале дека најдобро решение би било да останат пријатели.

„Се обидоа, но не успеаја. А штрајковите во Холивуд само влошија сè, ставајќи ги во иста позиција како за време на Ковид, кога само ја трошеа својата енергија. Хју открил дека магијата што некогаш постоела меѓу него и неговата сопруга веќе ја нема. Деб имаше слични размислувања и грижи. Затоа, најдобро беше да се разделат“, објасни инсајдерот, додавајќи дека поранешните љубовници секогаш ќе ги поврзуваат нивните деца кои ги имаат заедно, па никогаш нема да кажат ништо лошо еден за друг.

„Едноставно нивното време за љубов помина, а тие ја прифатија нивната судбина“, рече изворот.

Претставникот на Хју Џекман во разговор со новинарите од Дејли меил потврди дека коронавирусот и штрајковите влијаеле на разделбата на актерот и неговата сопруга.

Да потсетиме дека Џекман и Фернес преку заедничка изјава објавија дека се разведуваат по 27 години брак. Двојката има две посвоени деца: 23-годишниот Оскар и 18-годишната Ава.

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....