-4.2 C
Скопје
02:53 - 23 декември, 2024

Откриена причината: Децата на медиумскиот магнат се вмешани во разводот на Џери Хол и Руперт Мардок

Дејли Мејл објави инсајдерска истрага за разводот на актерката и модел Џери Хол од медиумскиот магнат Руперт Мардок.

Веста е позната – парот официјално поднел барање за развод. Тие остануваат добри пријатели и си посакуваат се најдобро во иднина.

Меѓутоа, во реалноста, врската на двојката е, изгледа, многу посложена. Според Дејли Меил, Џери Хол навестила дека децата на Мардок се виновни за нивното раскинување. Станува збор за децата на медиумскиот магнат од неговиот прв и втор брак: 64-годишната Пруденс, 53-годишната Елизабет, 50-годишниот Лахлан и 49-годишниот Џејмс.

Џери Хол им кажала на доверливи луѓе дека нејзината љубовна приказна со Мардок е слична на Шекспировите Ромео и Јулија – тие беа несреќни, иако не беа млади љубовници, сепак беа разделени од нивните семејства. Во овој случај, тоа се децата на Руперт. Според новинарите, наследниците на медиумскиот магнат го уништиле четвртиот брак на нивниот татко заради наследството.

Пријателите на Џери Хол им кажале на новинарите на Дејли Меил дека парот бил многу среќен до оваа пролет, а наеднаш веќе во јуни се дозна за претстојниот развод. Џери добила меил од нејзиниот сопруг во кој тој изјавил дека понатамошната комуникација ќе се одвива само преку адвокати. Ова беше голем удар за манекенката, која го призна тоа

Разводот на Мардок го води искусниот адвокат Роберт Коен, кој исто така ја застапуваше Мелинда Гејтс за време на нејзиниот развод со Бил Гејтс. Адвокатот, според новинарите, го ангажирал и синот на Мардок, Лахлан, кој наводно активно учествувал во разводот на парот.

Џери Хол поднесе барање за развод во државата Калифорнија, а како место на живеење го посочила имотот со лозјето на Мардок, Морага, кое медиумскиот магнат го купил во 2013 година за 27 милиони долари. Имено, Хол дошла на овој имот на самиот почеток на врската со Мардок и призна дека многу се заљубила во ова место – дури почнала и да студира за бизнис со грозје. Подоцна, таа останала да живее таму заедно со нејзините деца од врската со Мик Џегер. Фактот што го посочила лозјето Морага како домашна адреса може да биде своевиден одговор на нејзиниот поранешен сопруг што се однесува до поделба на имотот. Според законите на државата Калифорнија, имотот што го стекнал парот во брак мора да се подели на половина по разводот, вклучувајќи го и скапиот недвижен имот на медиумски магнат во Велика Британија и САД.

Така, судејќи според ова, половина од 27 милиони, (колку што е проценет имотот со лозје Морага) треба да припаднат сигурно на Хол, но – докажано е – дека лозјето Морага не спаѓа под поделба на имотот, бидејќи е стекнато пред бракот.

Борбата е сепак, околи ранчот во Монтана, кој Мардок сака да го задржи, а вреден 200 милиони долари. Купен е за време на бракот во 2021 година, а според законот може да го бара и Хол. Според извори блиски до семејството, другите членови на семејството на Мардок биле незадоволни што таа би можела да добие дел од ранчот.

Мардок веќе има искуство со разводи зад себе: неговата поранешна сопруга Венди Денг доби 380 милиони фунти, а нејзината претходничка Ана Мардок, со која беше во брак 31 година, во 1999 година доби 1,6 милијарди долари.

Џери Хол, по раскинувањето со музичарот Мик Џегер, доби само 14,9 милиони долари: се покажа дека бракот на Џери Хол и Џегер е склучен на Бали и нема правна сила. Покрај тоа, таа не можела целосно да го добие замокот во Ричмонд каде што живееле.

Џери Хол и Руперт Мардок се венчаа во 2016 година по повеќемесечна врска. Тогаш поранешната љубовница на Мик Џегер имаше 59 години, а медиумскиот магнат 85.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....