22:47 - 4 април, 2026

Филмската приказна за Мерилин Монро доби осум „Златни малини“, а и Том Хенкс нема причина да се радува

Blonde, филмот за животот на Мерлин Монро, е номиниран со дури осум „Златни малини“.  Good Mourning, комедија на раперот и пејач Machine Gun Kelly,  има седум номинации, пишуваат американските медиуми.

Иако најновиот филм „Елвис“, во кој Том Хенск го игра менаџерот на пејачот, Том Паркер, е фаворит за најдобар филм на годинешните Оскари, Хенкс беше малку изненаден кога дозна дека заработил три номинации за наградата „Златна малина“ – награда  која се доделува за најлошите филмски остварувања во годината.

Тој беше номиниран за „Златна малина“ за две улоги: онаа на менаџерот на Присли во биографскиот филм Елвис и за улогата на Џепето во римејкот на Дизни на „Пинокио“.

Во соопштението за медиумите на организаторите на наградите „Златна малина“ се наведува дека улогата на Хенкс во филмот „Елвис“ е „најисмејуваната изведба за 2022 година“.

Инаку, Хенкс е во потесниот круг за Оскар за најдобар актер за „Човекот наречен Ото“.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....