6.8 C
Скопје
20:40 - 12 март, 2026

ОН: „Престанете со борби во Запорожје“; Кина: „Ризикот од катастрофа во Запорожје е попогубен од Фукушима“

Алармот околу нуклеарната централа Запорожје и понатаму е висок. 

„Русија уште еднаш ја премина границата и го допре дното во светската историја на тероризмот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата најнова порака до нацијата. „Она што се случува околу нуклеарната централа Запорожје е едно од најголемите злосторства на Русија“, додаде тој, подвлекувајќи како „никој никогаш не користел нуклеарна централа за да му се заканува на целиот свет, на таков дрзок начин, и да постави одредени услови“. .

„Украинската војска ќе престане да ја гранатира нуклеарната централа Запорожје само доколку ја напушти територијата од која се вршат нападите на централата“, смета Владимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, пренесува ТАСС. Според него, станува збор за три населени места – Марганец, Никопол и Томаковка.

На нападите врз нуклеарните централи од вооружените сили на Украина „може да се стави крај само со ослободувањето на Марганец, Никопол, Томаковка – населбите од кои се гранатира – како и со ослободувањето Запорожје – регионален центар“, објасни Рогов.

Претходно властите на регионот Запорожје соопштија дека Украина лансирала десетици нападни беспилотни летала и проектили од МЛРС кон нуклеарната централа Запорожје.

И од Кина стигнува загриженост. Ризикот од катастрофа во Запорожје е попогубен од Фукушима, смета постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Џанг Јун, кој изрази „длабока загриженост“ поради воените активности во врска со украинската нуклеарна централа во Запорожје, велејќи дека постои ризик од нуклеарна несреќа полоша од онаа што се случила во тоа време и вети дека Пекинг „секогаш ќе игра конструктивна улога“.

 

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....