7.8 C
Скопје
10:22 - 1 април, 2026

Ограбен домот на Мараја Кери вреден 5,6 милиони долари (додека таа уживала на одмор)

Суперѕвездата Мараја Кери е ограбена, откако извесни лица провалиле во нејзината куќа во Атланта додека таа била на одмор.

53-годишната пејачка била на патување во Италија, а потоа во Хемптонс (дел од Источниот крај на Лонг Ајленд),  на 27 јули, кога се случила кражбата, според Пејџ Сикс.

Се уште нема извештај во која вредност е кражбата, а инаку самиот дом на пејачката вреди 5,6 милиони долари. Полицијата во Атланта соопшти дека „ова е сè уште отворена истрага“ и „информациите може да бидат ограничени“ по кражбата.

Кери го купи домот со девет спални соби и 13 бањи во ноември 2021 година. Имотот располага со игралиште, базен и тениско игралиште.

Инаку, добитничката на Греми минатиот месец беше многу активна на Инстаграм и го „документираше“ својот годишен одмор со нејзините 11-годишни близнаци Монро и Марокан и сегашното момче Брајан Танака (39).

Семејството е видено како ужива во возење на јахта за време на луксузниот одмор на Капри, Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Набргу потоа, на 25 јули, таа им се обрати на своите фанови на социјалните мрежи со објава од селото Вотер Мил, во Хемптонс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Кери во четвртокот објави дека ќе настапи на фестивалот Global Citizen, бесплатен концерт во Њујоршкиот Централ Парк, на кој ќе настапат и Металика. Фестивалот ќе се случува на 24 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....