8.8 C
Скопје
17:52 - 11 февруари, 2026

Од спалната се влегува во луксузно купатило: Погледнете како изгледа станот на Огњен Амиџиќ, за реновирање дал околу 100.000 евра

Водителот Огњен Амиџиќ неодамна целосно го реновираше станот во кој живее со сопругата Мина Амиџиќ и нивните деца. Според српските медиуми, за уредувањето издвоиле околу 100.000 евра, а резултатот е модерен, светол и внимателно осмислен простор.

Мина на социјалните мрежи сподели детали од домот, откривајќи дека доминираат светли тонови, пастелни нијанси и природни материјали како стакло и дрво. Посебно внимание привлече гардероберот – изработен во комбинација од стаклени површини и дрвени елементи, со прегледна организација и топло осветлување. Многумина го опишаа како „сон на секоја жена“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Еден од поинтересните детали е што купатилото е директно поврзано со спалната соба. Просторот е одвоен со стаклени врати, а семејството се одлучило за када наместо туш-кабина. Целиот амбиент е во топли, неутрални тонови што создаваат впечаток на хотелски луксуз.

И трпезаријата и дневната соба се во ист стил – преовладуваат светли бои и минимализам, а во центарот на дневниот престој е голема беж гарнитура.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Во меѓувреме, Амиџиќ неодамна се огласи и по шпекулациите за неговата здравствена состојба. Тој објасни дека поради трема и возбудата околу раѓањето на ќерката неколку ноќи не спиел, па добил стомачни проблеми, поради што кумот ја однел Мина и бебето од породилиштето.

Реновираниот дом, судејќи по фотографиите, е внимателно дизајниран простор во кој семејството ужива во приватност и комфор.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Џенифер Лопез и на 56 години изгледа совршено! Пејачката ја откри нејзината тајна за фит тело

Еспресо

(Видео) Биску до трагедија: Ѓорѓе Давид бил сведок на пијан возач кој возел во спротивен правец!

Еспресо

(Фото) „Се галевме цело утро“: Нивес Целзиус откри во чие друштво ужива

Еспресо

Уапсен тиктокерот Мирза Хатиќ: Познат и по обидот за рекетирање на Халид Бешлиќ

apostolova

Приватно обезбедување 24 часа пред вилата! Еве каде Здравко Чолиќ замина по бомбашкиот напад

Еспресо

„Госпоѓата знаела сè, зошто сега глуми жртва?“: Ана Николиќ со брутална реакција за ситуацијата на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....