2.8 C
Скопје
04:35 - 8 март, 2026

Од кого ти е детево: Сузана Турунџиева искрено за една непријатна средба и чудно прашање

Сузана Турунџиева искрено раскажа за една непријатна и необична средба што ја имала со непозната жена во нејзината населба. Жената буквално трчала по неа по улица.

Во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, познатата водителка и пејачка се присети дека ова се случило кога нејзината помала ќерка Матеа била бебе, а постарата Лора имала околу десетина години.

– Се шетав низ маало со поголемата ќерка и со помалата, која беше бебе. И пред маркетот, продаваат жените цвеќе, и една жена која не беше ни толку стара, беше жена помлада од мене, продава тука цвеќе.

И кога нѐ виде нас, така се затрча, а ние веќе фативме на друга уличка. Таа трчаше, нѐ стаса, се задиша и задишана ни вели: „Еј, ти си знам, те познав. Да те прашам. Ова знам од кого ти е. Ова од кого ти е ?“ – ја прашала жената за ќерката Матеа.

Фото / Фејсбук

А, Сузана во таа ситуација одлично се снашла и духовиот ѝ одговорила: „Не ми е од маж ти, биди спокојна“.

Лора е ќерка на Турунџиева од бракот со поранешниот пливачки шампион Александар Маленко, а Матеа од бракот со Марјан Јовановиќ кој почина пред девет години.

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....